-Инфлацијата ви Македонија е 19.8%, и со тоа е највисока во регионот на поранешна СФРЈ, Словенија има речиси двојно помала инфлација од Македонија, т.е. само 10%.
Инфлацијата кај храната и пијалоците е 32.4% во Македонија, а 17.2% во Словенија.
Статистиката покажува дека во Словенија со двојно повисоки плати, и многу посилен животен стандард, растот на цените е помал отколку во Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во Македонија народот ја чувствува најголемата инфлација во регионот.
Иста е споредбата и со Србија каде инфлацијата е 14% и Хрватска со инфлација од 12.8%.
Ова покажува дека пред се, големата инфлација во Македонија е резултат на неспособноста на владата да се справи со шоковите, но и неработењето во изминативе 5 години.
Ударот доаѓа во секторот енергенси, главно од цената на струјата, храната и пијалоците. Тоа се сектори во кои со квалитетен менаџмент би се спречила големата инфлација.
Тоа што инфлацијата е најголема во Македонија е доказ за неработењето на власта. И наместо со полумерки, ја повикуваме Владата да ги имплементира сите мерки кои ги предложивме, се со цел подобрување на состојбата во економијата и помош за граѓаните, стои во партиското соопштение.