Македонија со убедливо највисока смртност во Европа во последните 13 дена од Ковид-19

Македонија убедливо со највисока смртност од коронавирус во Европа во последните 13 дена, објави „Covid Data Check“.

Имено според нивните податоци во топ 10-те земји со највисока смртност на 100 илјади жители во Европа од 4 до 17 септември прва е Македонија со 18.4 проценти на смртност.

Потоа втора е Црна Гора со 13.4 проценти, па Бугарија со 13.1, а на четврто место од регионот се наоѓа Босна и Херцеговина со 10.5 проценти.

Од нашето опкружување на шесто место се издвојува Грција, а Србија е на осмото место со стапка на смртност од 4.1 процент.

Инаку, според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во период од 6 до 12 септември во Македонија од ковид-19 починале 142 лица.

Имало 142 смртни случаи во 22 градови за време на овој период, најголем дел од нив се од Скопје (47), Струмица (13), Куманово (12) и Гостивар (11). Најголем број (n=106; 74,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.