Македонија во „портокалова фаза“, температурите до 40 степени

Македонија од четвртокот и следните неколку денови потпаѓа под влијание на топлотен бран, ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец кој долж Повардарието ќе засилува, а УВ индексот ќе има висока вредност 9.

Управата за хидрометеоролошки работи извести дека од 21-ви до 24-ти јули територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокаловата фаза, Дневната температура ќе биде во пораст и ќе се движи во интервал од 34 до 40 Целзиусови степени.

Утринските температури се движат од 9 до 13 степени во планинските области, 17 во централните региони до 19 Целзиусови степени на крајниот југ од земјата.

Максималните дневни, соодветно според регионите ќе достигнат од 29 и 35 степени до 40 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денска ќе биде сончево и исклучително топло. Утринската температура е 17 а максималната дневно ќе достигне ди 38 Целзиусови степени.