Речиси една милијарда дози од водечките кандидати за вакцина против Ковид-19 се обезбедени за земјите со мал и среден приход според програмата „Ковакс“, соопшти Светската здравствена организација. „Ковакс“ претставува глобална иницијатива на СЗО за праведна дистрибуција на залихи на идни вакцини против коронавирус, како во богатите, така и во сиромашните земји.
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти обезбедени се 833.000 вакцини за 400.000 граѓани преку „Ковакс“ механизмот, а вакцинацијата ќе биде бесплатна за граѓаните.
-Првата вакцина којашто ќе стигне на пазарот ќе биде еднакво дистрибуирана помеѓу сите земји членки коишто аплицирале во „Ковакс“ механизмот. Значи, кога ќе ја добијат и најразвиените земји, тогаш вакцината ќе ја добиеме и ние, изјави Филипче во октомври кога најави дека вакцината би пристигнала на крајот на оваа или почетокот на следната година.
Според „Економист“, пак, Македонија не е во првите земји што ќе ја добијат вакцината за широка употреба, туку во третиот бран. Весникот пишува дека богатите земји ќе ја добијат вакцината први, додека Македонија, заедно со земјите од поранешна Југославија, би се снабдила во 2022 година.
Rich countries will get access to coronavirus vaccines first – for poorer ones, the timeline will stretch until 2024 (at the earliest) pic.twitter.com/UgLieumAFr
— Agathe Demarais (@AgatheDemarais) December 11, 2020
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека вакцинацијата во САД ќе започне за помалку од 24 часа, откако Агенцијата за храна и лекови (ФДА) издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“.