Македонија вторпат убедливо совладана од Романија

Женската репрезентацијата на Романија уште еднаш славеше убедлива победа против нашата ракометна селекција славејќи и во вториот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во 2021 година сега со 35-20.

Македонија на стартот поведе со 3:1 и тоа беше се од нашите репрезентативки кои потоа целосната доминација ја препуштија на гостите од Романија кои сосема заслужено се пласираа на Мундијалот.

Меѓу избраничките на Симе Симовски најефикасна беше Елена Ѓорѓиеска со шест погодоци, додека Ливрниќ реализираше четири пати.