Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација се обиде но не успеа со победа да го отвори евроквалификацискиот циклус. Во „Борис Трајковски“, подмладената селекција предводена од Александар Тодоров загуби со 72:81 од Естонија во првото коло од групата Б.
Првото полувреме нашите кошаркари го одиграа катастрофално лошо, особено втората четвртина во која постигнаа само пет поени а примија 25 и на пауза Еастонија замина со предност од 45:23.
Во вториот дел, Македонија го подигна интензитетот, третиот период го доби со осум разлика (23:15) а во последната четвртина, нашите кошаркари постигнаа 26 а примија 21 за пораз од девет разлика.
Ова се покажа како недоволно за пресврт и позитивен влез во битката за пласман на Европското првенство следната година.
Најефикасни во нашиот тим беа Војдан Стојановски 26 поени, Витингтон постигна 15 а Ненад Димитријевиќ 15 поени. За Естонија се издвои Кристиан Куламае со 31 поен.
Во 2 коло од групата Б, Македонија ќе и гостува на Русија, натпреварот е закажан за 23 февруари.
Фото. Дриблинг.мк