Според „Дуинг бизнис 2016“ Македонија бележи скок од 82 места. Во 2006-тата земјата беше рангирана на 94-тото место. Годинава, Македонија се најде на 12-тото место во конкуренција со 189 држави.
Според премиерот Никола Груевски, посветеноста кон работата, чесниот и искрен пристап, превземените реформи и чекори доведоа до нов значаен успех и одлична вест за Македонија.
Согласно „Doing Business 2016“, кој е најреномиран меѓународен извештај кој ги мери условите за водење на бизнис, Македонија е на 12 место во конкуренција на 189 држави. Македонија е на 6-то место во Европа за водење бизнис, каде економиите се најразвиени и каде земјите посветуваат особено внимание за подобрување на бизнис климата.
Во 2006-та година Македонија на овој извештај беше пласирана на 94-тото место, а оваа година е на високото 12-то.
Факт е дека наодите од овој извештај се користат како инпут во извештаи кои се подготвуваат и од други меѓународни институции и претставува добра алатка која ги поттикнува земјите да спроведуваат реформи за создавање на подобри услови за работа на приватниот сектор. Македонија подолг период е високо рангирана според овој извештај, но оваа година за првпат е на 12то место – што е нотирано и во извештајот. Македонија пред 9 години според истиот овој извештај беше рангирана на 94 место, но стратешката определба на Владата за унапредување на бизнис климата како најдобар начин за обезбедување на оддржлив економски раст, креирање на нови работни места и подобрување на животниот стандард, придонесе земјата да направи крупен исчекор од 82 места. Практично ова значи дека земјата во овие 9 години макотрпно работела на изградбата на современи институции, при што е донесена модерна регулатива и законодавство, намалена е бирократијата и поедноставени се административните процедури, а воведени се и современи технологии за обезбедување на квалитетни јавни услуги. Воспоставени се едношалтерски системи во Централниот регистар, Катастарот, Управата за јавни приходи, Царинската управа и други институции преку кои граѓаните и фирмите полесно, побрзо и со многу помали трошоци аплицираат и ги добиваат потребните услуги, образложи претседателот на македонската Влада.
Македонија е втора земја во светот, после Нов Зеланд, каде е најлесно да отвориш фирма.