Македонија доби кириличен домеин .мкд

Македонија доби кириличен домеин кој ќе ја престатвува во меѓународниот Интернет простор.

Како што истакна министерот за информатичко општество и администарција, Иво Ивановски, .мкд е првиот македонски домеин, а петти во светот на киричично писмо, по Русија, Србија, Монголија и Казакстан.

Промоцијата на .мкд се одржа во Институтот за македонски јазик, Крсте Петков Мисирков, институција која се грижи за зачувување на македонскиот јазик и неговото писмо. Миниситерот Ивановски  потсети на зборовите истакнатиот борец и неговото колосално дело „За македонцките работи“ дека сочувувањето на јазикот и писмото на еден народ значи сочувување и на неговиот идентитет и дух.

„Со воспоставувањето на македонскиот кириличен домеин, .мкд, во Интернет просторот направивме уште еден чекор во зацврстувањето на нашиот јазик и писмо, што претставува само продолжение на големите дела на Македонците низ минатото“, истакана Ивановски.

Тој појасни дека со овој кириличен домеин ќе можат да се регистрираат веб страници на кирилично писмо, опција која досега не им беше достапна на Македонците. Пред се’ ќе може да се регистрираат домеини со букви карактерстични за нашата азбука, како ш, ж, ч, ќ, љ, њ.

Министерот додаде со ова се подобруваат и условите за промоција на Македонија бидејќи ќе се пишуваат содржини на кирилично писмо.

Ивановски појасни дека домеинот .мкд го избраа граѓаните, врз основа на резултатите од Интернет анкетата која беше објавена на страната на МарНет. Дури 72,98 отсто од граѓаните на Македонија гласале за избраниот кириличен домеин.

Министерот појасни дека очекуваат наскоро националниот македонски домеин да биде технички внесен  во системот од страна на Асоцијација за информатички технологии на САД и дека процесот е веќе започнат.