Македонската ракометна репрезентација до 20 години ги доби противниците за Европското првенство кое ќе се одржи во Австрија од 24 јули до 3 август годинава.
Ждрепката одржана во австрискиот град Линц сакаше избраниците на селекторот Зоран Петковски да играат во А групата заедно со селекциите на Франција, Шпанија и Норвешка.
Во преостантите три групи ќе играат:
Б – група: Данска, Швајцарија, Србија и Естонија.
Ц – група: Германија, Австрија, Словачка и Белорусија.
Д – група: Шведска, Словенија, Израел и Унгарија