Македонија го завери пласманот на СП во Катар

Македонската ракометна репрезентација го завери пласманот на Светското првнство во Катар, следната година, откако ја победи Грција и на реванш натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ со 35:23.

Македонската репрезентација започна фуриозно уште од првата минута и предводена од одличните Кире Лазаров и Борко Ристовски, лесно стигна до убедлива предност која не ја испушти до самиот крај.

Капитенот Лазаров беше најдобар стрелец со 10 голови, додека Прибак и Георгиевски го завршија дуелот со по 4 реализации, а најважно од се, Македонија во континуитет останува дел од најголемите ракометни натпреварувања како што во случајов ќе биде мундијалот во Катар.