
Македонија ќе има тешка задача да се пласира во вториот круг на Европското првенство, откако ремизираше во вториот натпревар во А – групата против селекцијата на Чешка. За пласмaнот на црвено – жолтите во вториот круг има неколку варијанти
Првата и најсигурна варијанта е победа на Австрија во последното коло од групната фаза. Во овој случај не само што би оделе понатаму, туку и би стигнале до второто место на табелата, пренесувајќи два бода.
Втората варијанта е реми со Австрија, така што во овој случај Македонија ќе се пласирала во следната фаза, пренесувајќи еден бод, освен доколку Чешка во последниот меч од групата не дојде до победа над домаќинот Данска.
Но, можеме да се пласираме во втората фаза и доколку загубиме од Австрија. Во овој случај Македонија и Чешка ќе имаат по еден бод, но ние имаме подобра гол-разлика од минус осум (-8), наспроти минус десет (-10) на Чесите. Тоа значи дека и со евентуален пораз од два гола од Австрија, ние би се пласирале понатаму, освен ако Чешка не остане непоразена против Данска. Ако и ние и Чесите загубиме, важно е нашата негатива да не биде поголема од еден гол во однос на онаа на Чешка (ако ние загубиме со шест гола, Чешка да не загуби со помалку од пет гола). Во случај и двете репрезентации да имаат идентична гол-разлика, тогаш понатаму ќе оди репрезентацијата со повеќе постигнати голови.