Младинската ракометна репрезентација на Македонија, откако во првиот натпревар во квалигикациите за пласман на ЕП во Австрија ја совлада Италија со 24:22, денеска во 19.00 часот во СРЦ Кале ќе ги одмерат силите со Грција.
Македонија на дуелот со Италија се мачеше само во првото полувреме , додека во вториот дел се се одвиваше беспрекорно по штоизбраницте на Петковски направија највисока предност од седум голови 23:16. Но, нашата деконцентрација во финишот ја искористија италијанските ракометари, кои на крајот го ублажија поразот. Талески со 9 и Манасков со 8 голови беа наши најдобри поединци.
Грците во првиот натпрвар изненадувачки го совладаа Исланд со 20:19. Но, доколку избраниците на Зоран Петковски , слават на денешната средба со Грција, ќе бидат на чекор до пласманот на првенството.
Во вториот натпревар денеска сесретнуваат Италија и Исланд, кои ќе се борат за прва победа на квалификацискиот турнир и заджување на шансите за пласман на шампионатот во Австрија