Првенството ќе се одржува во спортската сала “Јордан Мијалков” во Штип.
Со поддршка од компанијата “Млекара Здравје Радово” на Балканијадата ќе учествува и македонската пинг понг репрезентација.
Во рамките на својата кампања “Здравје во твои раце”, Здравје Радово продолжува да дава активна поддршка на спортскиот начин на живот и веќе подолго време е пријател на македонската пинг понг асоцијација. По изведената активност во соработка со граѓанската асоцијација На Точак, каде на децата од семејства од ранлива категорија им беа доделени бесплатни велосипеди, Млекара Здравје Радово уште еднаш се јавува со сесрдна поддршка за спортот и здравиот начин на исхрана. Во меѓувреме остануваме и горди поддржувачи на машката и женска ракометна и фудбалска екипа на македонскиот бренд Вардар, соопштуваат од компанијата.