Исламистичката милитантна група ИСИЛ која прогласи калифат, односно Исламистичка држава на териториите на Ирак и Сирија го објави својот петгодишен план за глобална доминација. Имено планот е покажан на карта со јасни граници кои сунитските милитанти и нивниот водач Абу Бакр ал Багдад, планираат да ги освојат.
Освен балканските земји, на картата се покажани и Австрија, Унгарија, дел од Украина, Шпанија, Блискиот Исток, северна Африка, како и големо подрачје од Азија,а во нив треба да владеат строги шеријатски закони.
Ал Багдад е прогласен за калиф Ибрахим и водач на сите муслимани во светот, а групата ги повикала муслиманите да му искажат верност на новиот владетел и да ја отфрлат демократијата и се друго кое им го нуди западот.
По прогласувањето на калифатот, ИСИЛ го промени своето име во Исламска држава.