Македонија нема да се откаже од учеството на Евровизија, а победникот на Скопскиот фестивал ќе ја претставува нашата земја, соопшти уредничката на забавната редакција во МТВ, Мери Попова.
Мнозинството од граѓанитево анкетата спроведена на веб страницата на МРТ одлучиле Македонија да продолжи да се натпреварува.
„Јавноста беше поделена, но мнозинството, сепак, одлучи дека Македонија треба да учествува на Евросонг. Одлучивме да го примениме моделот кој го имавме до пред некоја година- победникот на Скопски фестивал да ја претставува Македонија на Евросонг, но со мали измени”, изјави Попова во првиот Дневник на МТВ.