На средбата, како што информира Министерството за одбрана, Јолевски и Гур разговарале за состојбата за глобалните безбедносни предизвици. Јолевски истакнал дека Република Македонија и АРМ се цврста алка во синџирот на одржување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко, а доказ за тоа, како што се наведува во соопштението, се мировните мисии на кои сме посветени и хуманиот пристап во справувањето со мигрантската криза.
Гур ги поздравил напорите на Македонија и Армијата на Република Македонија за влез во НАТО, за модернизацијата на Армијата и истакнал дека значењето на Македонија во справувањето со безбедносните предизвици е високо вреднувано.
Јолевски и Гур се согласиле дека нивото на соработка меѓу двете министерства е на високо ниво и оти треба да продолжи во нагорна линија. Тие порачале дека од големо значење е и потпишувањето на комуникето од Лондон за мировните мисии на Обединетите Нации.
Гур истакнал дека Велика Британија останува поддржувач на аспирациите на Македонија за влез во НАТО и е определена да ги поддржи реформите во одбраната и јакнењето на одбранбените капацитети на АРМ.