Дирекцијата за заштита и спасување со ресурсите со кои распоалага е ставена во функција на помош на Република Грција и доколку биде побарана помош ќе отпочнеме процедура за испраќање помош, информира директорот на ДЗС Аднан Џаферовски.
Владата на Република Македонија е во постојан контакт со грчките власти и понудена е помош уште од вчера. ДЗС е владино оперативно тело и со своите ресурси е подготвено да помогне. Очекуваме одговор од нивна страна. Доколку изразат потреба ќе отпочне процедурата за испраќање помош од наша страна, изјави Џаферовски за МИА.
Според него, Македонија може да помогне во справувањето со огнената стихија во Грција со два ер трактори кои имаат капацитет од 3.000 литри, а воздухопловите веднаш може да тргнат.