Македонската ракометна репрезентација денеска од 14 часот во „Олимпик хале“ во Минхен излегува против Бахреин во потрага по втората победа на Светското првенство кое се одржува во Германија и Данска.
Очекувањата се избраниците на Раул Гонзалез без поголеми да ја запишат втората победа против аутсајдерот во „групата Б“, пред клучните дуели со Хрватска, Исланд и Шпанија кои се играат претстојната недела.
Селекторот на „жолто-црвените“ за овој натпревар излегува со ист состав како на претходниот меч со Јапонија, кој го добивме со 38-29. Бахреин првиот меч го изгуби убедливо против Шпанија (33-23).
Репрезентативците во вчерашните изјави за медиумите потврдија дека максимално се подготвуваат за дуелот со азискиот тим и дека не смее да има опуштање во тимот.
Македонија има позитивен резултат од досегашните пет официјални натпревари со репрезентации од Азија и има исто толку победи.
Натпревари од група „Б“:
14:00 часот Македонија – Бахреин
16:30 часот Хрватска – Јапонија
19:00 часот Шпанија – Исланд.