Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оценија дека Република Македонија се наоѓа во многу тешка и деликатна ситуација, доведена во таа состојба, во прев ред, поради неодговорноста на политичари и луѓе водени од желбата за лична кариера и интерес.
„Во моментов Македонија е скапоцен авион даден во рацете на адолесценти, кои го знаат својот интерес и своите потреби, ама немаат чувство да управуваат со авионот, а од тоа управување зависат многу човечки судбини. Таквата тешка позиција ја споделува секој еден граѓанин, здружение, компанија, интелектуалец, но и ние ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија“, рече и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ“, Христијан Мицкоски на вечрашната пресконференција од партијата.
Натаму потенцираше дека на власт е влада која нема никакви резултати, а на државата и се случува економско фијаско, при што нема напредок, а ветувањата кои ги дадода не се остварија.
„Секојдневно се случуваат силни корупциски афери, милионски тендери, државни пари кои завршуваат во џебовите на министрите и директорите. Стипендии за одбрани студенти, но не и за најдобрите, стотици илјади евра за цвеќиња, но не и пари за нова медицинска опрема, учебна година без нови учебници, но затоа тендер од 5.3 милиони евра на сомнителни фирми блиски до власта, кажа Мицкоски.
Рече и дека поради ваквата недемократска и клептомантска власт, многу луѓе се самоцензурираат, а на патриотизмот почна да се гледа како на нешто лошо и тоа додека оние над 800-тини криминалци излегуваат на слобода.
„Започна лов за јавно искажан збор, па така ако не се багерите за да газат, тука е полицијата за да малтретира, или градоначалниците за да потсетат дека нешто се снима, рече Мицкоски.