Министерот за економија Беким Незири денеска ќе информира за Меморандумoт за разбирање за Заеднички пристап за решавање на диверзификација на природниот гас и предизвиците на безбедноста на снабдување.
Како што соопшти Министерството за економија, Меморандумот е дел од иницијативата на Централна и Југоисточна Европа за гасно поврзување (CESEC), во која Република Македонија успеа да вгради два од своите предложени проекти за гасно – енергетско поврзување со земјите од Централна и Југоисточна Европа.