Александар Македонски на новата предлог банкнота останува “ноќна мора” за јужниот сосед. Како што јавувa, дописникот на Нетпрес од Атина, откако неодамна дел од грчките медиуми предлог банкнотата ја нарекоа “ шлаканица од Македонија за грчката дипломатија , со реакција се јави лидерот на партијата “Граѓанска моќ” од Солун, Макис Стергиу.
“Продолжува бескомпромиста на ставот на премиерот Никола Груевски од Скопје”, се вели во соопштението.
„Сметаме дека оваа акција предизвикува уште една провокација на националното чувство и треба да и биде одговорено“, стои во текстот.
Предлог банкнотата со Александар е последна во низата на случувања што предизвикуваат незадоволство кај Грците. По серијата интервјуа што премиерот Груевски ги даде за влијателни светски медиуми, грчкиот печат го критикуваше грчкото МНР и министерот Венизелос дека немаат соодветен одговор на меѓународната кампања за името што ја води македонската Влада. Оттогаш се чини дека Венизелос ретко пропушта пригода да зборува за Македонија на меѓународна сцена, но наместо фактите, во неговите обраќања доминираат старите познати фрази од “излитената” грчка реторика.