„Македонски манифест бара неодложно оставка на министерот за надворешни работи на Република Македонија по неговиот скандалозен „дипломатски“ настап во Шпанија во која беше во мисија да лобира пред шпанските власти за признавање на Косово!!! Тоа е срамно, безобразно и дрско, тој да ги користи парите на македонската држава и народ за интересите на друг, во случајот за Косово од каде, впрочем, да не мисли тој дека Македонците се глупави и со куса меморија, ни доаѓаа терористите на неговата и на Али ОНА. Тоа Косово кое и сега е база за терористите што не престанале со своите терористички дејствија кон Македонија и Македонците. Крунски доказ за тоа се крвавите и трагични настани по Македонците поврзани со убиството на момчињата на Смилковско езеро, а потоа и на осумтемина полицајци во кумановското Диво насеље. Итн.
За тоа ли е Бујар Османи крунисан со министерска титула во владата на Република Македонија, и од страна (мора да го кажеме како дијагноза тоа) македонофобот Зоран Заев? Како и Артан Груби и некои други, кои тероризмот од 2001-ва, веднаш по за Македонците капитулантскиот, со знаци на смрт за нив Охридски договор, го заменија со политички тероризам, но не откажувајќи се и од физичкиот.
Време е да не молчат Македонците на сѐ ова и сериозно да размислат како се случи да се дојде до апсурдната ситуација малцинството во нивната држава, за која ги дадоа животите Илинденците и Асномците, да завладее со мнозинството, да го уценува заради таканаречениот меѓуетнички „мир“ колку што сака и како што сака. Сега целосно и да го управува на копче, повеќе и од Калето, и само формалниот „македонски“ премиер од Муртино. Затоа „Македонски манифест“ бара по шпанскиот скандал итна оставка на позицијата министер за надворешни работи на Република Македонија од Бујар Османи. Оти тој со скандалозниот „дипломатски“ настап во Шпанија (на кого најверојатно Шпанците му се смееле зад грб) тој, како и во други негови настапи пред тоа, се промовира како министер за надворешни работи на Албанија и Косово, а не на македонската држава како заеднички дом на сите етноси во неа. Оти се сеќаваме и на „гафот“ што не е гаф, туку смислен акт, на Османи кој во меѓувладината историска комисија за разговорите со Бугарија на местото на Македонец стави албански историчар што нема ред напишано за историјата на Македонија и Македонците. И зарем е тоа случајно? Па и перфидните „дипломатски“ настапи на Османи во Софија кога се секираше за бугарските емоции, а не за македонските во однос на обновениот бугарски фашизам кон Македонците.
И пред тоа беше јасно, но по неговиот перверзен политички настап во Шпанија нема двоумење дека Османи, Груби, Али и … ја гледаат Македонија, падната на колена, како Илирида, Голема Албанија, не како братски дом за заедничко живеење и споделување на чувствата и маките.
Добро. Јасно е, не сме глупави, дека Американците (нека не се прави на удрена мис Кејт на Калето) и Германците посебно од Европа ја оправдуваат политиката на Али, Груби и Османи кон Македонците, ама и покрај тоа ние не треба да се помириме со тоа. Време е конечно да кажеме НЕ!, оти и така сме ставени во смрт и умирање“, стои во соопштението на Македонски манифест.