Интегрално соопштение од Здружението „Македонски манифест“:
До јавноста стигна само оскудно соопштение дека на 13-ти и 14-ти овој месец во Софија е одржана втората средба на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања со Бугарија во нов состав. Македонската јавност дозна само тоа дека се разговарало за заеднички чествувања, за евентуални промени на македонските учебници за седмо одделение и е усогласен текстот на записникот од 27-мата седница. Очигледно имаме нова комисија но стари навики. Македонски манифест јавно ги прашува членовите на новата комисија што криете од народот?
„Зарем и Вас треба да Ве чекаме три години да дознаеме што сте договориле и потпишале? Во чие име и интерес работите за да ги криете своите активности? Од очите на јавноста се крие само криминал и неморал. Што Вие криете? Не заборавајте дека валканите хонорари ги примате од македонскиот народ. Македонски манифест по ова прашање има поинаков став. Ние сметаме дека самата работа на Мешовитата комисија го нарушува достоинството на македонскиот народ и го урива суверенитетот на Република Македонија. За нас е неприфатливо друга држава да ни налага кои историски личности и настани ќе чествуваме. Неприфатливо е друга држава да ни пишува учебници. Ова е флагрантно негирање на македонскиот суверенитет, кое е загарантиран со највисоките меѓународни правни акти – Повелбата на ООН и Универзалната декларација за човекови права. Работата на Мешовитата историска комисија, на начин како што е поставена во Договорот за пријателство и добрососедство, во корелација со Преговарачката рамка, неминовно води кон идентитетска самоликвидација.
Со оглед на наведеното Македонски манифест јавно ги повикува членовите на македонскиот дел од комисијата АКО ИМАТЕ БАРЕМ МАЛКУ ДОБЛЕСТ И ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО ПОВЛЕЧЕТЕ СЕ ОД РАБОТАТА НА ОВАА КОМИСИЈА. ВАШИТЕ ХОНОРАРИ, КОЛКАВИ И ДА СЕ, НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ СУПСТИТУЦИЈА ЗА ВАШАТА СОВЕСТ, ДОСТОИНСТВОТО НА НАРОДОТ И СУВЕРЕНИТЕТОТ, ЗАТОА ШТО ТИЕ НЕМААТ ЦЕНА. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ОЧЕКУВА ТОА ОД ВАС!“.