Интегрално соопштение од здружението „Македонски Манифест“:
Македонски манифест, како глас на здравото родољубиво македонско ткиво (неразболени од изроди и изродништво) бара од новата прозаевистичка влада и од македонските медиумски туроператори итно да се укине БНТ (Бугарска национална телевизија) кај нас, која смрди на Гебелсовска, фашистичка пропаганда што сака докрај, целосно да го урниса по фашистичка Преспа македонскиот идентитет и суверенитет, ако воопшто сеуште има нешто останато од нив.
Македонски манифест го повикува челникот на тажната нордистанска влада, премиерот Ковачевски како прв одлучен чекор да го забрани со владин декрет емитувањето на БНТ во Македонија.
Македонски манифест и пред тоа реагираше со повик до надлежните, ако не да се укине нејзината програма барем да се преведува на македонски, со што би се отфрлила и на тој начин лукавата сугестија на бугарската нацифашистичка хиена дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. А ситуацијата е, имено, обратна и тоа неотстапно логична, ако се знае дека пробугарскиот идентитет е татаро-монголски. Тоа, пак, значи дека тие тука на Балканот се словенизирани, а својот протобугарски татаромонголски јазик го заменуваат со нов, односно со тој што го зборуваат. А, кој ги словенизирал нив и им го дал новиот јазик, преведувајќи ги во повисок степен на цивилизација и култура, освен Македонците, кои тогаш биле доминантни на Балканот и се нивни соседи од кои тие страдаат денес.
Тоа се непобитни историски факти, премиере Ковачевски, и останати членови и структури на денес, како и пред тоа на смртоносната по македонскиот идентитет епоха на Заев. Дали тоа и други слични факти ви ги објаснил или не ви ги објаснил шефот, академик-историчар Ѓорѓиев на кого не му е јасен бугарскиот нацифашизам во Втората светска војна, а уште помалку сегашниот? Ако не ви ги објаснил вие нив ќе ги најдете кај не мал број бугарски академици и историчари, но сега ние немаме место во оваа обраќање да ви ги цитираме и објаснуваме нив.
Само да ве потсетиме во тој контекст на бугарскиот учен Сефтерски кој тврди дека Бугарите речиси до XII век зборувале протобугарски, односно татаромонголски јазик на дворот на цар Симеон, а академикот, претседател на БАН Тодор Павлов (патем штипјанец) во 1969 година на јубилејот на илјадагодишнината на Свети Кирил Солунски рекол дека Бугарите сѐ до 893 година ги употребувале како службени на дворот грчкиот јазик и грчкото писмо. Па, белки тоа го знае академикот-историчар Ѓорѓиев, дека тие настани се подоцна од 893 г. кога почнува Моравската Мисија на Солунските браќа Кирил и Методиј. А тоа значи всушност дека Бугарите немаат никаква друга врска со нив, освен она дека ги описмениле и ги вовеле во повисок степен на култура. Оти, премиере и останати од владата кои сте лишени од знаење за македонскиот генерички идентитет, како и од морал и етика на тој план, треба да знаете дека следствено на изнесените факти и јазикот на Библијата преведена од Кирил и Методиј за сесловенска употреба е старомакедонскиот јазик (не како што лажат Бугарите) и тоа, не онаа современата на Блаже Конески, е всушност првата брилијантна кодификација и стандарнизација на македонскиот јазик. Јасно како ден. Бугарите крадат. Знаат дека крадат и затоа се хистерично шизофрени, па донесуваат собраниска владина декларација за прогласување на Солунските просветители за Бугари на што остро реагираа амбасадорите на Словачка и Чешка. А потоа и Русите. Тоа е вистината која ја затрупува секој ден БНТ со лаги среде Македонија. И тоа е неподносливо, трпението на Македонците е при крај. А баш му е гајле на министерот Бујар Османи, кој нити е духовно и етички, нити интелектуално способен да го брани во Бугарија и од бугарската хиена македонскиот идентитет. Оти тој во перверзните разговори и преговори ниту еднаш не ги изговори зборовите Македонија и Македонци. Него, пред сѐ, како што сме се уверили и до сега, го интересираат Рамковниот, Тиранската платформа и Илирида. Тоа е вистината пред која мижиме.
Во заклучокот уште еднаш: Македонски манифест бара под итно укинување на гебелсовската нацифашистичка БНТ, на која пред наши очи бесрамно се трупаат лаги со една крајно валкана пропаганда во која се присвојува како свој целокупниот, од Кирил и Методиј сѐ до 1945 г., македонски културно-цивилизциски имот. А нордистанската влада не ги прекинува понижувачките преговори, заедно и со претседателот кој (каков ужас) изјави за Гоце дека е етнички Бугарин и до ден денес, правејќи се наудрен, а македонскиот народ за глуп, не се ни покајал, ни извинил.
Итен прекин на бугарската гебелсовштина во Македонија. Без одлагање!!!