„Македонски манифест“: Македонците не се русофоби, ни американофили

Реакција на здружението „Македонски манифест“, по повод министерските егзибиции и фрустрации на Бујар Османи:

„Македонски манифест неодамна по повод користење на неговата министерска позиција за пропаганда меѓу албанските иселеници во странство во врска со сега одложениот попис, а со цел за зголемување на албанскиот етнички процент во Македонија предложи смена на Бујар Османи од позицијата министер за надворешни работи. Конкретно стануваше збор за неговата етничка пописна пропаганда меѓу Албанците во Шпанија на трошок на македонските даночни обврзници. Потоа добро ни е позната и кукавичката дипломатска активност на Османи во врска со спорот со Бугарите, кога тој покажа загриженост за нашата негрижа за нивните чувства, без око да му трепне за чувствата на Македонците кои идентитетски ги ликвидираат тие.

А сега е најновиот гаф на Османи, кој на својот твитер зазема страна во напнатиот спор меѓу САД и Русија, а по повод случајот Навални. А што станува со случајот Асанж? Имено, тој отворено, и како македонски министер за надворешни работи (што е крајно нетактично и безобразно) се става на страна на Американците со неговата колку вехементна, толку и проѕирна и манипулативна изјава: „Македонија во целост ги подржува и се солидаризира со санкциите на САД, како одговор на руските дестабилизирачки акции против САД и нејзините сојузници“.

Да. Тука Османи говори како портпарол на квислиншката влада на Зоран Заев, која иако е далеку од ЕУ, кукавички ги подржува амеро и европските санкции кон Русија. Ама полтроните и кукавиците како Заев, Османи и останатите во владата и парламентот на Нордистан сите што имаат самопочит и кај нас и надвор ги презираат без остаток. Оти не се избледени сеќавањата на амерополтронството на нордистанскиот премиер, кој како демек значаен геополитички играч го праша, додека народот му гине од коронавирусот, дали е во ред или не да порача руски и кинески вакцини, за што доби, имено, американска шлаканица со порака и од неговите и на Шекеринска западни и НАТО-пријатели дека здравјето не е геополитички, туку универзален хуманистички проблем. Ама ни по тоа не се опаметија ни тој ни Османи, иако, имено, преку пријателската Србија стигна руската вакцина Спутник кај нас, а Русите, широки со дух и душа, не им фатија за кусур на премиерот и министерот, апсолутно слични во топографијата на менталната структура, и целосно се отворени да ѝ помогнат во пандемската катастрофа на Македонија и на нејзините граѓани бескрајно истормозени од оваа квислиншка влада.

Се разбира, пак, Македонски манифест добро ја сфаќа психолошката спазма на Бујар Османи во овој случај, која може да се осветли само со ламбата на психоанализата на Фројд. Имено, таа е апсолутно фројдовска што се однесува до неговата потсвест како маска на неговата свест. Многу добро е познато дека Американците се безрезервен сојузник на Албанците на Балканот. Тие им се геостратешки потребни, како што им беа потребни во Отоманската империја и на Турците, бидејќи се ревносни извршители на зададената задача од страна на нивниот ментор.

За таа цел, за да бидат целосно лојални, Американците и НАТО ја бомбардираа 1999 и Србија и на нејзината автентична територија ја создадоа втората албанска држава, дивоградба, Косово, а сега со Тиранската платформа изготвена од ЦИА е на пат создавање на третата на територијата на Македонија под името Илирида, етничка ментална слика чија генеза се наоѓа во големата ментална слика на Призренската лига пред столетие и кусур, чии ментори и реализатори се сега, како што гледаме, Американците и НАТО, а со поддршка и на глупавата амерополтронска Европа без свое внатрешно Јас, идентитет и самопочит. Со ретки исклучоци на Французите. И Фројд не би имал ни најмалку мака да ја открие на прв поглед менталната потсвесна слика на западното амеро и европолтронство на Османи (вклучително и на Заев, се разбира), оти таа е и покрај сета лукавост и перверзност плитка. И повеќе од плитка. А колку за да биде спокоен Бујар Османи, нека биде сигурен дека глупавите и безначајни санкции на Нордистан против Русија, за да им се угоди на западните сојузници што буквално идентитетски ја заклаа Македонија, не се санкции и на Македонците кои не се русофоби, туку напротив имаат голема почит кон Русите, ја сакаат нивната култура, дух и душа кои им се иманентно блиски. И Русите тоа добро го знаат, нека не се грижи за тоа Османи. А неговата македонска Илирида и Тиранска платформа која целосно го урива македонскиот национален суверенитет и идентитет кога тогаш ќе му се удри од глава, оти историјата е слепа работа и токму затоа не се знае кога таа ќе прогледа со своето праведно око.

Еден ден неговите омилени Американци и натовци ќе си заминат од тука. Македонскиот народ е мал, скусен и столчен, сведен сега на едно мало парче земја околу кое се навртеле Софија, Тирана (заедно и со Приштина) и Атина. Народ кој виде дека моќниот Запад не му е наклонет, како што беше тоа и во Берлин 1878, во Букурешт 1913, во Версај 1919, како и во Охрид 2001 и Преспа 2018. Тоа е вистината, драги Бујар Османи и неа добро ја знаат Македонците. Не се глупави да не ја знаат. Македонски манифест еднаш побара неодамна оставка од вашата функција, но вие сеуште не сте ги докрај завршиле работите што се однесуваат на планот на Призренската лига со Македонија (вашата Илирида) и затоа нема да се повлечете. А и нема сѐ додека е на власт квислиншката антимакедонска влада на Заев. Но ова наше соопштение до македонската, антисеверна, јавност беше насушно потребно за да има таа јасна претстава за вашата ментална слика и сходно на тоа вашата интелигенција и карактер. Да се знае. А веруваме дека Македонците нема никогаш да бидат уништени. Има некој што е на нивна страна, кој е многу посилен од Америка, НАТО и Европа, Османи, Заев и Шекеринска. Ние знаеме кој е Тој, ама тоа е тајна“.