Интегрално соопштение од здружението „Македонски манифест“:
„Македонски манифест“ вели НЕ!!! Нека нашиот суетен премиер од Муртино го следи умниот потег на нашиот северен сосед и пријател Вучиќ, кој за да си го заштити народот од смрт го одложи пописот во Србија за октомври. Нека не го фрла народот и во физичка смрт, по онаа идентитетската што му ја подготви и приреди тој заедно со меѓународните и балканските јавачи на апокалипсата во Преспа 2018.
НЕ!!! Тоа е насилна и неодговорна операција за доосипување и докусурување посебно на Македонците со овој попис. Оти индикативно е дека ни еден албански (затоа што не дејствуваат како политичари на Република Македонија) политичар до овој момент не се изјасни за одложување на пописот во време на, посебно сега, силниот налет на планетарната чума. Напротив и Бујар Османи и Артан Груби и останатите албански политичари, за разлика од македонските, работат на силна популаризација и кампања на пописот, кој треба до небо да го крене, и со живи и со мртви, албанскиот етнички процент во Македонија. Тој кој ќе ја засили Тиранската платформа на ЦИА за апсолутна, до спепелување, деструкција на македонскиот суверенитет и македонското постоење. Иако тие и веќе се во урнатини над кои го развеал знамето на македонската смрт и Зоран Заев, македонскиот смртоносец и гробоносец.
Но, не е, да не бидеме погрешно разбрани, овој попис во планетарна пандемија смртоносен (од повеќе аспекти) само за Македонците, туку и за чесните Албанци и другите етноси. Оти смртоносниот премиер и неговиот нездрав министер за здравство Филипче кои наместо набавка на вакцини бркаат тендери и лична заработка на несреќата на народот сега и не отстапуваат од пописот на смртта. Оти како поинаку да се именува тој, кога ниту еден од попишувачите не е вакциниран и како варварин по налог на државното сталинистичко раководство со закана влегува од дом во дом со потенцијална смрт?
А, зошто албанскиот политички блок не се буни против таквиот попис на смртта? Затоа што политичарите од тој блок, со добро осмислен план и агресивна кампања за процент, за разлика од анемичните и рамнодушни Македонци, одат на формулата СÈ ИЛИ НИШТО. Се разбира, пак, за интелигентните, колку што ги има и што останале во оваа окупирана држава, е повеќе од јасно дека првата ставка од таа хазардерска формула СÈ треба да им отпадне на нашите рамковни Каинови браќа, а втората НИШТО на немоќните и притиснати од сите страни до ѕид Македонци.
Едно е посебно важно. Со овој и таквиот попис, не само на Македонците, туку на сите етноси во Република Македонија, на сите живи души во нив им се одзема основното човеково право: правото на живот. Токму и затоа „Македонски манифест“ има намера да најми тим од искусни домашни и меѓународни правници, кои ќе го тужат нашиот фирер и неговата влада и во Стразбур, имено, за укинувањето на тоа основно право кое на човекот лично му го доделил самиот Господ. Никој друг. И нема никој друг право да го укинува и злоупотребува него, како сега фирерот од Муртино и неговата антинародна влада.
НЕ! СТОП ЗА ПОПИСОТ ШТО ВЛЕГУВА ВО ВАШИОТ ДОМ РАКА ПОД РАКА СО СМРТТА! И не знаеме (а знаеме) зошто недоволно дефинираната опозиција што собираше потписи и крева јалова врева зошто не го разбуди анемичниот народ и не го изведе сто, двеста, триста…илјадно на протест за одбрана на Достоинството, Правдата, Вистината и Животот.
НЕ ПОПИС! НЕ СМРТ!