Македонски Манифест: Окупатори, доле рацете од Македонија

манифест

Од осамостојувањето на Република Македонија до денес САД и ЕУ водат континуирана фашистичка и терористичка политика кон македонскиот народ и македонската држава со цел уништување на македонското име и идентитет како и ликвидирање на македонската држава во корист на нејзините соседи. Геноцидниот проект на Вашингтон и Брисел кулминира со наметнатата политичка криза, со Пучот врз македонские државни институции, како и со бришањето од Европарламентот на македонското име и на македонските национални малцинства во Албанија, Грција и Бугарија.

Завршниот удар врз суверенитетот и независноста на Република Македонија, Вашингтон и Брисел го прават преку ултиматумите на американскиот Стејнтдепартмент и на генералниот секретар на НАТО –Столтенберг, како и на нивните измеќари од ЕУ – Хан, Могерини, Коцијанцик и Жбогар кон македонскиот Претседател за да потпише капитулација за унишување на Македонската држава.

Македонски Манифест изјавува дека ниту САД, ниту НАТО, ниту ЕУ како и нивните фашистички претставници не сè и нема да бидат господари на македонскиот народ, ниту ќе одлучуваат во негово име за што и да било.

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ ГИ ПРОГЛАСУВА СИТЕ ФАЦИ ОД ТИПОТ НА ХАН, МОГЕРИНИ, СТОЛТЕНБЕРГ итн. ОКУПАТОРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЗА ПЕРСОНИ НОН ГРАТА, СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ДА НЕ ИМ ДОЗВОЛАТ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈА.

Македонската историја е постара и подостоинствена отколку таа на сите НАТО-држави. Во тримилениумското опстојуване на македонскиот народ никој не е успел да го уништи, ниту пак неговата меморија и име.

ДОЛУ РАЦЕТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НОВИ ХИТЛЕРОВЦИ!