„Македонски манифест“ е против идентитетска ликвидација на Македонија

манифест

„Македонски манифест“ смета дека и двете овие уцени не се однесуваат на подобрување на положбата на Албанците кај нас, која е далеку над сите стандарди за малцинствата во светот, туку на идентитетското уривање и обезличување на Македонија и Македонците. Првин, албанскиот јазик тука воопшто не е потценет и обезвреднет. Албанците имаат свои телевизии, радија, библиотеки, училишта, универзитети, институти, музеи, министерства, подминистерства, полицајци, дури и „вработени“ кои не работат ништо, а земаат плата заради „мир во куќа“. Итн. Се направи и вештачка територијална поделба во која дури и Скопје беше направено двојазично заради тој мир, кој со години го злоупотребуваат албанските политичари. Сето тоа им е малку, па сега со помрачениот Зоран Заев разработуваат стратегија за воведување двојазичност на целата територија на државата. Се бара изучување на албанскиот од најмала возраст, во градинките. Во некоја од нив, конечно, ќе треба да го запишеме да учи македонски и Али Ахмети, човекот сликан со пушка и книга во 2001, кој  досега не сме го чуле да изусти ни еден единствен македонски збор, фројдовски пример за јазична фобија. Во овој случај македонофобија. И Арбен Џафери, кој обелодени дека тероризмот во 2001 не бил борба за човечки права туку за територии беше изразит македонофоб, но тој за разлика од Али зборуваше македонски. Сега во сиот тој подол и кукавички план, потпрен на Американците и НАТО, во лингвистичка градинка заедно со челникот на ДУИ, се разбира, ќе биде запишан и црпнатиот Заев да компензира во изучување на албанскиот.

По сево ова се наметнува едно логично прашање: дали според примерот на надекстремното барање на Заев и ненаситните албански политичари, кои фрлаат отров во душата на обичниот албански човек, треба и Французите да учат арапски јазик, бидејќи арапите ги има над десет милиони кај нив? Дали затоа што тоа не е задолжително за нив, Франција не е демократско граѓанско општество? Или, дали тоа не е и омилената на Албанците Америка само затоа што Американците не се задолжени да го изучуваат, на пример, јазикот на Мексиканците? Итн.

И второ. Името! Пред неколку дена Мендух Тачи дрско изјави дека „предуслов од ДПА за да почнат преговори за формирање на владата ќе биде да го одредиме датумот кога ќе направиме компромис со Грција, часот кога Собранието ќе одлучи да го промени името на државата, и процесот за интегрирање во НАТО и во ЕУ ќе се деблокира“. Неверојатна трансформација: воениот тероризам од 2001 сега се претвора во политички тероризам, и пак спонзориран од Американците. Да, господине Тачи, иако еднаш ти изјави дека прашањето за името е „ексклузивно право само на Македонците“. И, е, но си заборавил и сега плукаш на тоа што си го рекол претходно. Таков ли е твојот горд карактер?

Со ова писмо, господине Тачи, „Македонски манифест“ ви се обраќа вам и на другите екстрарадикални албански политичари, но и на сите помрачени црпнати Заевци, одродени Македонци, со опомена дека Македонците по никоја цена, па биле тоа и вашите омилени НАТО, Америка и ЕУ, нема да го трампи името за вашата желба за наше непостоење. Можете вие заедно со Али ако толку многу сакате да си ги смените вашите лични имиња и идентитетски опис, па и името на Албанија ако не ви се допаѓа многу. Но, не и на Македонија и на Македонците. Заев и неговите соросови истомисленици не, но останатите Македонци сме подготвени да кренеме востание и да се бориме до последен здив за името. Ако треба и до исчезнување, што нема никогаш да се случи, но со борба, а не со кукавичлак. Слоганот на таа борба во минатото беше „Слобода или смрт“, а сега „Име или смрт“. Сеедно, иако и покрај сите крвави историски голготи сепак на наша страна е животот, а не смртта, ви се допаѓало тоа или не!

„Македонски манифест“