Тагата нѐ зближува, ама болката нѐ обединува. Болката што тие ја трпат, болката што нивните семејства ја трпат е вечната борба на Македонецот во борбата за слобода, рече Тони Михајловски на денешниот протест за поддршка на уставобранителите, пред штипскиот затвор.
„Ние секогаш сме давале жртви, велат дека дрвото на слободата треба редовно да се залева со крвтта на патриотите, но дрвото на слободата треба да се залева и со крвта на тираните. Дојдовме денеска на традиционален македонски начин со љубов и со песна да им дадеме сила, кураж, да издржат во оваа борба. Но, да им кажеме дека македонскиот начин не е само песна и љубов, има тука голема борба и желба за правдина и одмазда….Да престанеме да се двоиме, да престанеме да ги полниме гробовите и да почнеме да ги празниме затворите со неправедно осудените за Македонија, а таму да ги ставиме овие неверници, издајници кои само преку болка владеат. Ќе ги стигне правдата“, посочи Михајловски.