![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/Capture-37.jpg?resize=692%2C462&ssl=1)
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја победи Црна Гора со 2:1 на последниот натпревар од групата 6 во квалификациите за Европското првенство 2021.
Со оваа победа, Македонците стигнаа до 18 бода и го потврдија второто место во групата од која Шпанија го освои првото место и обезбеди пласман на континенталниот шампионат.
Стрелци на головите на дуелот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ беа Марко Ѓорѓиевски во 13. минута и Бојан Миовски од пенал во 77. минута. За гостите Марко Крстовиќ во 86. минута