Македонските одбојкари пристигнаа во Бари

Македонските одбојкари пристигнаа во Бари, каде в недела против Италија не очекува историското осминафинале на европските првенства.

По победите над Данска и Црна Гора во Скопје и освоеното 4. место во групата „Ц“, нашите најдобри одбојкари сега ги очекува најголемиот предизвик на ова ЕП, дуел со актуелниот светски и европски шампион и тоа на гостински терен.

Одбојкарите по неколку часовен лет пристигнаа во Бари, каде веќе утре ќе ги имаат официјалните тренинзи пред саботниот дуел со „аѕурите“ закажан од 18 часот.