
Македонската одбојкарска репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП), откако вечерва извојува голема победа против Турција во Скопје од 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18).
Победата во четири сета во салата „Борис Трајковски“ им донесе на македонските ракометари втор едноподруго пласман на завршницата, завршувајќи како второпласирани во групата Ц, со три победи и еден пораз, и сет количник 10:5, зад првопласирана Турција.
Сите учесници на ЕП што претстојното лето ќе се одржи во четири европски држави ќе бидат познати во мај.