-0.2 C
Skopje
петок, декември 20, 2024

Македонските одбојкари вечер ќе ги дознаат противниците во групата на ЕП

Македонските одбојкари кои на почетокот на месецот за прв пат во историјата изборија учество на едно Европско првенство, вечер ќе ги дознаат противниците во групата.

Жрепката ќе се одржи во Брисел со почеток во 18 часот и 30 минути.

ЕП 2019 ќе се игра во четири земји: Франција, Словенија, Белгија и Холандија и за прв пат со 24 репрезентации.

За првата фаза ќе бидат формирани четири групи со по шест учесници. Четирите домаќини се поставени како носители во секоја група, а останатиет пет селекции ќе бидат извлечени од петте „шешири“ во кои се сместени по четири тима. Со извлекувањето ќе се почне од првиот кон петтиот шешир, со напомена дека Русија и Германија како освојувачи на златниот и сребрениот медал од последниот шампионат, не можат да бидат во иста група.

Македонија се наоѓа во четвртиот шешир заедно со Шпанија, Украина и Грција.

Прв „шешир“: Русија, Србија, Полска, Италија.
Втор „шешир“: Бугарија, Германија, Финска Чешка.
Трет „шешир“: Естонија, Словачка, Турција, Португалија.
Петти „шешир“: Белорусија, Црна Гора, Романија, Австрија.