Македонските ракометни надежи ја совладаа Унгарија, ќе се борат за деветото место на СП

Македонската ракометна репрезентација до 19 години славеше над врсниците од Унгарија со 22:20 и со оваа победа обезбеди најмалку десето место на Светското првенство.

Македонските ракометари од почеток ја наметнаа својата игра со цврста одбрана и динамична игра во нападот. Почнаае добро, имаа водство од 5:3, но тогаш следуваше голем пад, Унгарија направи серија од 5:0 и поведе со 8:5. Потоа македонските ракометни надежи се соземаа и на одморот се замина без предност за некоја од селекциите 12:12.

Вториот дел почна уште потврдо и изедначено и уште повеќе напади и на двете страни завршуваа без ефект, но истрајноста и карактерот на македонските репрезентативци се исплатеше во периодот од 45. до 50. минута кога со серија од три гола дојдоа до водството 21:17. Конечниот резултат беше 22:20.

Калајџиески и Александар Петкоски постигнаа по пет гола, четири додаде Самоил Ристевски, додека Галевски забележа 11 интервенции.

Утре од 20 часот, Македонија ќе се соочи со Чешка, која денеска беше подобра од Саудиска Арабија со 36:33. Победникот од тој дуел ќе биде деветти на Мундијалот, поразениот десетти.