Македонските спасувачи заминуваат од Адијаман, сакаат да донираат крв

Вечерва завршува спасувачката мисија за вториот македонски конвој во турскиот град Адијаман, разурнат од катастрофалниот земјотрес.

Командитор на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев во телефонски разговор за МИА вели дека во моментов сѐ уште се на објект, којшто е разрушен и за жал извлекуваат мртви луѓе од него. Со мисијата завршуваат по 19 часот и во текот на ноќта заминува конвојот со 32 македонски пожарникари спасувачи и тимот од Дирекцијата за заштита и спасување.

Но, Коцев вели дека последна желба на вториот македонски спасувачки тим е да даруваат и крв во Анкара.

„Надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување во секој момент очекуваат одговор дали нашиот тим по пат ќе помине и во Анкара, за да даруваме крв, бидејќи тоа ни е последна желба да го сториме во оваа мисија“, вели Коцев.

Петмината штипски пожарникари-спасувачи се во добра здравствена состојба