Македонија произведе 6.5% повеќе струја од лани

Нето производството се покачува за 5.9% од година в година и достигна до 383,626 мегавати за час, додека конечната потрошувачка на електрична енергија падна за 4.1% на 494,535 мегавати за час, се вели во официјалните документи на заводото за Статистика.

Термоцентралите придонеле со најголем дел за бруто домашната електрична енергија во јули, со 269,037 мегавати за час односно 9.5% повеќе годишно. Хидроцетнралите својот дел го одработиле со 86,178 мегавати за час со што е забележан пад на годишно ниво од 33.1%.

Енергијата од соларните централи е покачена за 2.4% од година во година за месец јули и достигна ниво од вкупни 2,892 мегавати за час. Ветерниците создале 10,760 мегавати за час, што е за 37.2% повеќе од минатата годна. Биогасот придонел со 2,541 мегавати за час односно 30.7% повеќе од лани во месец јули.

Македонското производство на струја успеало да ја покрие побарувачката на електрична енергија во државата до 70.7% во месец јули. Увозот на ова добро се зголемил од 171,641 мегавати за час на 178,974 мегавати за час во јуни. Македонија успеала да извезе електрична енергија во висина од 8,192 мегавати за час во јули, што е промена во бидејќи изминатите месеци тоа се нема случено.

Дистрибуцискиот губиток е сведен на 52,962 мегавати за час во месец јули, што е за 3.6% помалку од јули минатата година.