Макрадули со закани до главниот и одговорен уредник на „Утрински“

Пратеникот Јани Макрадули преку пораки и се заканувал на уредничката на „Утрински“ Соња Крамарска.

„Веројатно ќе бев испровоцирана и да ги покажам пораките што ги добивам по телефон од Јани Макрадули во кои се обидува на најприземен начин да ми се заканува и да ме спречи да пишувам колумни за внатрепартиските состојби во СДСМ во кои го спомнувам неговото име како противник на новиот лидер Зоран Заев“, пишува Соња Крамарска во својата колумна „Зошто не отидов на Надзорното испрашување“

kolumna1

По стапките на Мирка Велиновска која што токму на Надзорната расправа обедолени дека добивала закани од Љубомир Фрчковски и Соња Крамарска проговоре за притисоците и заканите кои ги добива од Бихаќка.

Крамарска иако беше поканета на Надзорната расправа на Комисијата за политички системи не се појави, а како причини за нејзиниото отсуство ги наведе обврските.

kolumna

Главниот и одговорен уредник на „Утрински“  е еден од авторите  на книгата за Бранко Црвенковски “Записи на едно време-пет години на чело на Република Македонија“. Таа важи за добар познавач на внатрепартиските состојби во СДСМ. Токму тоа е и причината за притисоците и заканите од Макрадули, чија цел е да се прикрие незадоволството кое владе во партијата.

Според аналитичарите овие закани само потвруваат дека во СДСМ владее  нетрпеливост помеѓу новото партиско раководство и пратеничката група. За која низ медиумите кружеа информации дека лидерот Зоран Заев комплетно ќе ја менува.