Макрон: Европа не смее економски да се одвои од Кина

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени во средата во Пекинг дека Европската унија не смее да се „одвојува“ од Кина на економски план, на почетокот на тридневната посета на водечката според обемот светска економија.

„Не смееме да се дистанцираме, одвоиме од Кина“, реча Макрон пред француската заедница во оваа азиска земја додавајќи дека „треба да се продолжат комерцијалните односи со Кина“.

Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, пристигнаа во средата во Кина во настојувањата да ги „ресетираат“ врските со важниот економски партнер, како и да разговараат за чувствителните прашања, како што се војната во Украина и економските ризици, а непознато е дали ќе биде отворено и прашањето на Тајван.

Макрон последен пат престојуваше во посета на Кина во 2019 година, а за фон дер Лејен ова ќе биде првата посета откако дојде на чело на Европската комисија истата година.

Последните две години поради строгите кинески мерки поради пандемијата на коронавирусот сите дипломатски контакти се одвиваа онлајн, а односите со Европската унија се влошија , во прв ред, поради запрениот инвестициски договор во 2021 година, а потоа и затоа што Кина ги отфрли настојувањата од Брисел и Вашингтон да ја осуди Русија поради нејзината инвазија во Украина. Но меѓу ЕУ и Кина постојат и многу други спорни прашања, како оние за блокирање на одредени кинески компании.

За Макрон, кој во Франција се соочува со одамна невидени масовни протести започнати како незадоволство на граѓаните од неговите реформи на пензискиот систем, престојот во Кина му нуди можност да постигне одредени економски добивки, за што со себе поведе 50-члена делегација, вклучително од челни луѓе во „Airbus“ кој преговараат за голема нарачка на патнички авиони, од „Alstom“ и од нуклеарниот државен оператор EDF.

Меѓутоа, повеќето аналитичари велат дека наметливото потпишување евентуални договори би изгледало опортунистички во време на засилени тензии меѓу САД и Кина.

„Не е време за објава на деловни договори и големи нови вложувања. Тоа всушност гласање за довербата во кинеската економија и испраќање порака дека Франција не се согласува со пристапот на САД“, вели за Reuters Ноа Баркин, аналитичари од „Rhodium Group“.

Фон дер Лејен, пак, изјави дека ЕУ мора да ги намали ризиците во односите со Пекинг, меѓу другото и да го ограничи кинескиот пристап до чувствителната технологија и да го намали потпирање на ретките и клучни минерали, батерии, соларни панели и други производи на листа технологија од Кина.

Макрон ја покани фон дер Лејен на заедничкото патување како начин да се искаже единството во ЕУ, откако француските функционери го критикуваа германскиот канцелар Олаф Шолц поради неговото самостојно патување со голема делегација деловни луѓе во Кина кон крајот на минатата година.

Освен во врска со трговијата Макрон и фон дер Лејен заедно рекоа дека сакаат да ја убедат Кина да го употреби своето влијание врз Русија за да се воспостави мир во Украина или барем да спречат Пекинг директно да ја поддржи Москва. Меѓутоа, ЕУ следејќи ги САД, го отфрли мировниот план од 12 точки кој во февруари го предложи кинескиот претседател Кси Џинпинг.

„Ниту едниот од нив (ни Макрон, ну фон дер Лејен) ја немаат на ум само работата, туку и Украина. Сигурен сум дека тоа нема да биде лесна посета“, вели Јорг Вутке, претседател на Стопанската комора на ЕУ во Кина.

Претходно оваа година, Кина предложи мировен план од 12 точки за украинската криза, повикувајќи ги двете страни да се согласат на постепена деескалација што ќе доведе до сеопфатен прекин на огнот. Меѓутоа колективнот Запад (САД и ЕУ) го отфрлија планот анводно поради одбивањето на Кина да ја осуди Русија, а САД и НАТО тогаш рекоа дека Кина размислува да испрати оружје во Русија, тврдењата што Пекинг ги негираше.

Западот сомнежите за мотивите на Кина уште повечќе откако претседателот Кси Џинпинг во март доаптува во тридневна посета на  Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин во неговата прва странска посета од обезбедувањето на трет претседателски мандат.

Макрон рече дека, исто така, сака да му нагласи на Кси, со кого ќе се сретне заедно со фон дер Лајен во четврток, дека ЕУ „нема да прифати Кина да ја снабдува Русија со оружје“.