Едно лице е приведено откако кон францускиот претседател Емануел Макрон фрлило јајце, пренесуваат медиумите во светот.
Инцидентот наводно се случил во градот Лион на југот на Франција. Лицето е приведено веднаш, пренесуваат француските гласила.
Инцидентот не е прв од ваков вид за францускиот претседател, кој се соочи со силни критики во последните месеци поради економијата и ограничувањата поврзани со коронавирусот.