Макрон и Шолц му ветија натамошна поддршка на Зеленски

Украинскиот претседател Володомир Зеленски доцна вечерта допатува во Париз, втората станица на неговата ненајавена европска турнеја по Лондон, и се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц ко му ветија натамошна поддршка во војната против Русија.

Зеленски пред француската престолнина престојуваше во средата во британската од каде на западните сојузници им упати апел, по тенковите да ѝ испорачаат на Украина и напредни западни борбени авиони во моментите додека и самиот признава дека руската војска остварува мали но континуирани пробиви на источниот фронт. Истиот повил го испрати и до Париз.

„Колку поскоро Украина добие тешко вооружување со долг дострел, колку поскоро добие авиони, толку побрзо ќе заврши руската агресија и ќе може да се врати мирот во Европа“, се обиде да ги увери Зеленски своите западни партнери, кои се чини сепак се премногу претпазливи во обидите да не предизвикаа опасна спирала на ескалација на судирот и негово прелевање на континентот.

Пред годишнината од инвазијата којашто на 24-ти февруари 2022-ра ја започна Русија со оправдување да го заштити руското и рускојазичното населени во југоисточните украински региони спротиставено на властите кои дојдоа во Киев со превратот во март 2014 година поддржан од Западот, Зеленски пристигна во Елисејскиот дворец каде што го пречека Макрон кој за оваа пригода го покани и германскиот челник Шолц.

Макрон изрази „решителност да ѝ се помогне на Украина да дојде ди победата“ и рече дека ќе продолжи со испраќањето оружје за украинската војска.

„Ние сме со Украина. Цврсто. И решителни сме да бидеме со неа кон победата и повторното воспостатување на легитимните права. Ќе ги продолжиме нашите напори во смисла на доставување средства за одбрана“, рече Макрон.

Тројцата челници им се обратија на новинарите пред вечерта којашто во доцните ноќни часови се одржа зад затворени врати.

Шолц повторно му повтори на Зеленски дека ЕУ и САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина „колку и да биде потребно“ за да се спротистави на руската инвазија.

Шолц рече и дека Берлин на Киев му помогнал „финансиски, хуманитарно, со оружје, тешка артилерија, противвоздушна одбрана и, најрецентно, со борбените тенкови и ќе продолжиме толку долго колку што ќе биде потребно“.

Германскиот канцелар испрати и „јасна порака за Брисел: Украина му припаѓа на европското семејство“.

Украина минатата година среде војна и без критериуми на кои се подвргнати другите заинтересирани земји и далеку од стандардите кои ги имаше кога требаше да го започне процесот, доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ. Во четвртокот Зеленски треба да замине за Брисел, каде што се одржува дводневниот самит на Унијата.