Макрон, Меркел и Санчез со ултиматум до Мадуро

Германија, Франција и Шпанија го повикаа во саботата претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во рок од осум дена да распише нови избори, а во спротивно ќе го признаат опозицискиот лидер Хуан Гиаидо, кој се самопрогласи во средата, за привремен шеф на државата.

Николас Мадуро во мај по вторпат го освои претседателскиот мандат на изборите кои САД и ЕУ ги оценија како недемократски, а на 10-ти јануари ја положи свечената обврска на претседателската должност, и покрај западните притисоци да отстапи од должноста.

„Венецуелскиот народ мора да може слободно да донесе одлука за својата иднина“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на Twitter, по сличните изјави кои дојдоа од германската и шпанската влада.

„Доколку изборите не бидат најавени во следните осум дена, подготвени сме да го признаеме Хуан Гуаидо како привремен претседател“, рече портпаролката на германската влада, Мартина Фјец.

„Не сакаме да псотавиме или да остраниме влада, сакаме демократија и слободни избори во Венецуела“, изјави социјалистичкиот шпански премиер, Педро Санчез.

САД, земји од Европската унија и повеќе земји од Латинска Америка како и Албанија и Грузија, изразија поддршка за венецуелската опозиција. Другите земји, пак, како Русија, Кина, Иран, Турција, Куба, Боливија и Никарагва, го поддржаа Мадуро.

Челниците од ЕУ засега отворено не ги признаа Гуаидо, туку и него го повикаа да одржи демократски избори. За кризата во Венецуела ќе се разговара и на најавениот состанок на Советот за безбедност при ОН, на барање на САД.

Во меѓувреме, новакот во политиката и спикер на венецуелскиот парламент, Гуаидо, најави дека има „план од тру точки“ за да се стави крај на владеењето на Мадуро.

„Крај на усурпаторската влада, формирање преодна влада и свикување нови избори“, вели 35-годишниот Гуаидо во разговорот за весникот La Stampa.

Гуаидо ја повика армијата да ја промени страната и да му го сврти грбот на Мадуро, додавајќи дека „воените офицери кои учествуваат во репресијата ќе добијат амнестија“.

Армијата на Венецуел засега го поддржува Мадуро, иако и во текот на минатата година имаше помали обиди за бунт во нејзините редови, за што Каракас ги обвинува разнавачките служби на САД.