![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/Capture-34.jpg?resize=569%2C401&ssl=1)
Францускиот претседател Емануел Макрон бил непопустлив пред британскиот премиер Борис Џонсонм во четвртокот и му кажал дека нема доволно време да се преговара за целосно нов договор околу напуштањето на Обединетото Кралство на Европската унија.
На своето прво патување во странство откако ја презема премиерска должност пред еден месец, Борис Џонсон ги предупреди германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон дека ќес е соочат со потенцијално несреден брегзит без договор на 31-ви октомври, доколку Еропската унија не се согласи на нов договор.
Судбината на Велика Британија е само во рацете на Џонсон, рече Макрон, додавајчи дека иако излегувањето без договр не е сценарио посакувано а ЕУ, блокот би бил подготвен за таква можност.
„Сакам да бидам многу јасен: во месеците кои следат, нема да најдеме нов договор за повлекувањето кој многу отстапува од оригиналот. Никој нема да го чека до 31-ви октомври, а да не се потруди да најде донро решение“, рече францускиот претседател во дворот на Елисејската палата придружуван од британскиот премиер.
Џонсон, пак, изјави дека му кажал на Макрон дека сака договор за брегзитот и верува дека сѐ уште е можно да се постигне во периодот до крајниот рок 31-ви октомври. Рече и дека е „многу охрабрен“ од она што го слушнал од германската канцеларка Ангела Меркел во текот на неговиот престој во Берлин во средата.
„Да дозволиме да се изврши брегзитот, да доволиме да се изврши чувствително и практично и во интерес на двете страни и да не чекаме до 31-ви октомври. Напредуваме во продлабочувањето и јакнењето на пријателствата и партнерствата мешу нас“, рече Џонсон.