Макрон не го промени ставот за Македонија и Албанија, јави ТВ Клан

Франција и вечерва рече „не“ за Македонија и Албанија. Репортерот од Брисел на Телевизијата Клан информираше дека Макрон не го променил ставот за проширување на Европската Унија.

Претходно, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во изјава за Телма рече дека сè уште има земји членки кои се скептични за прашањето за отворање на пристапни преговори со Македонија и Албанија.  Туск рече дека е многу тешко да се најде прифатливо решение за сите членки на ЕУ.