Мигрант од Сирија утринава околу 9:45 избол најмалку осум деца и нивните родители во францускиот град Анеси.
Нападот се случил на игралиште покрај езеро каде, според француските медиуми, тогаш имало група деца на возраст од три до пет години.
Се огласи францускиот претседател Емануел Макрон.
„Напад на кукавички начин утрово во парк во Анеси. Децата и возрасните се меѓу животот и смртта. Нацијата е во шок. Нашите мисли се со нив, како и со нивните семејства и со мобилизираните спасувачки служби“, напиша Макрон на Твитер.
Локалните медиуми јавуваат дека две деца и еден возрасен се во критична состојба.
Осомничениот маж (31) бил уапсен веднаш по нападот. Фигаро објави дека тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година, според нормалната процедура. Во меѓувреме, тој доби статус на бегалец во Шведска со одлука од 26 април 2023 година.
Сведоците претходно изјавија за Ле Дофин дека маж со турбан почнал да напаѓа деца на мало игралиште.
Француската премиерка Елизабет Борн и министерот за полиција Жералд Дарманин излегоа на местото на нападот.