Макрон со Џонсон и Столтенбер за кризата околу Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон во саботата за кризата во односите меѓу Западот и Русија и ескалацијата на тензиите околу Украина разговаше со британскиот премиер Борис Џонсон и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред да отпатува во посети на Москва и Киев, соопшти Елисејскиот дворец.

Одвоените телефонските разговори биле одржани „во рамките на постојаните консултации на сојузниците за тензиите меѓу Украина и Русија“, објави кабинетот на францускиот претседател.

И Макрон и Столтенберг инсистирале на „потребата сложно и со заеднички сили да продолжат напорите за намалување на тензиите преку дијалог, со целосно почитување на темелните начела на европската безбедност, суверенитетот на државите и сите права коишто од тоа произлегуваат“, додаваат од Елисејскиот дворец.

Како што е најавено, францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обиде да оствари напредок во текот на средбите со рускиот претседател Владимир Путин во понеделник во Москва, како и со украинскиот претседател Владимир Зеленски следниот ден во Киев.

Од Елисејскиот дворец известуваат дека Столтенберг го „поздравил ваквиот пристап“ кон проблемот и дека „се заблагодари на претседателот за блиската координација со сојузниците пред неговите патувања“.

Истовремено, британскиот премиер Џонсон ги изнел резултатите од својата посета на Киев претходно седмицава и недоманешниот состанок со Путин, се додава во соопштението за јавноста.

Макрон, кој последните денови ги засили комуникациите со другите челници, и двајцата негови соговорници „се согласија во поглед на неопходноста претстојните денови да останат во близок контакт“.

Претседателскиот кабинет во соопштението објави дека разговорот на Макрон со Џонсон бил „фокусиран и на прашањето на мигрантите и миграцијата, особено на нивниот премин на Ла Манш“ каналот. Двајцата челници ја истакнале потребата Франција и Обединетото Кралство да соработуваат во борбата против криумчарските мрежи.

Илегалните преминувања преку каналот редовно предизвикува тензии меѓу Париз и Лондон. Во 2021 година рекордни 51.000 мигранти се обиделе да го минат Ла Манш, од кои повеќе од 28.000 успеале во намерата, според податоците на британската влада.