Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, денеска оствари средба со Здружението на армиски и полициски ветерани од активниот и резервниот состав Куманово ЗАПВАРС.
Тие беа првите што излегоа со јавна поддршка кога независниот кандидат Димитривски ја најави неговата независна кандидатура.
На средбата, тој се заблагодари што граѓаните ги препознаваат вредностите на граѓанскиот концепт „За наше Куманово“.