Малечески: Ослободете ја Македонија од вашиот криминал, јасно ни е дека губите па сте нервозни

Петровска: Оставката на Заев е одложена до целосно стабилизирање на државата!
Се поставува дилемата од што е дестабилизирана државата? Тоа беше изборен пораз каков што на локални избори ни една власт не памети во поновата Македонска историја! Значи може да зборувате за партиска дестабилизација, не за државна! Прекинете со праксата “државата, тоа сум јас!”, стои во Фејсбук статусот на Самоил Малчески.

Тој напиша дека за жал и во пракса и со наратив покажуваат дека Македонија е заробена држава!

„Ослободете ја Македонија од вашиот криминал и корупција! Понатаму, апсењето на дрога од страна на ДЕА, не е дестабилизација на државата! Тоа е во интерес на државата! Јасно ни е дека губите проценти па сте нервозни! Исто така, апсење на рекетари со значки на АНБ не е дестабилизација! Секој кој се огрешил од закон треба да одговара! Пак ни е јасно, нервозни сте, губите проценти! Да не продолжувам, но едно е јасно, т.е. јасно е зошто не имплементиравте ни точка, ни запирка од извештајот на Прибе“, додава Малчески во својата објава.