Младиот човек кој патуваше со украден пасош во авионот на „Малезија Еирлајнс“ и покрена сомневања дека трагедијата е терористички акт е само бегалец кој сакал да побара азил во некоја европска земја.
Од малезиската полиција соопштија дека се работи за 19-годишен Иранец кој патувал со украден пасош со цел да стигне во Германија и таму да побара азил. Од таму потврдуваат дека исчезнувањето на авионот не е поврзано со терористи.
Младиот Иранец е еден од двајцата патници кои патувале со украден пасош. И двајцата се качиле во авионот со украдени пасоши од Италија и Австрија.
Авинот МХ 370 на „Малезија Еирлајнс“ исчезна во саботата, кратко по полетувањето од Куала Лумпур. Авионот и 239 патници исчезнаа без трага.