Во четвртикот околу 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот М.Л. од Охрид, удрило во малолетен пешак, информира МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.