![dete nasilstvo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/dete-nasilstvo.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
На 14.09.2023 во 10:05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 31-годишна жена од скопско пријавила дека пред неколку месеци во училишен двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната и малтретирана од две нејзини врснички.
Од настанот бил направен видео запис и откако таа го видела, пријавила во полициска станица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.